Претседателот на Шри Ланка побегна од земјата

Готабаја Раџапакса ја напуштил земјата со воен авион поради масовните протести поради најтешката економска криза во повеќе од 70 години.



Воздухопловните сили потврдија дека 73-годишниот претседател на Шри Ланка одлетал на Малдивите со сопругата и двајца безбедносни службеници.

Тие пристигнале во главниот град Мале околу 03:00 часот по локално време, дознава Би-Би-Си.

Заминувањето на Раџапакса става крај на повеќедецениското владеење на семејната династија во Шри Ланка.

Претседателот се криеше откако толпата упадна во неговата резиденција во саботата и вети дека ќе поднесе оставка во среда, на 13 јули.

Извор за Би-Би-Си изјави дека Раџапакса нема да престојува на Малдивите и има намера да отпатува во друга земја.