Министерството за здравство соопшти дека во изминатите 24 часа биле регистрирани 511 новозаразени лица со ковид-19.



Од направени 1.489 тестови најголем број регистрирани случаи се во Скопје-276, а од вкупниот број на позитивни, 129 случаи биле реинфекции.

Бо изминатото денонокие не се пријавени починати лица.

Од Мој Термин соопштија за две починати лица на 5 јули на возраст од 72 и 88 години од Скопје .

Досега во земјата се направени вкупно 2.092.192 тестирања на ковид-19, а вкупната бројка на ковид-19 дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 316.729, бројот на оздравени пациенти е 305.503, на починати е 9.337, а бројот на активни случаи изнесува 1.889.