Македонија, во заедничката кандидатура со Словенија и Црна Гора, остана единствен кандидат за организација на Европското женско сениорско ракометно првенство во 2022 година, по што ќе треба само уште формална одлука и потврда од ЕХФ. Тоа значи дека нашата земја по втор пат ќе биде домаќин на еден Евро шампионат во овој спорт и во истата конкуренција, по одлично организираниот во 2008 година.




