Министерството за надворешни работи на Бугарија испрати нота до македонското МНР, а повод биле „бројните манифестации и пароли насочени против Бугарија за време на протестите во Скопје“, јавуваат бугарски медиуми.



Во нотата се изразува длабока загриженост за она што се случува, и реагира на „распространетиот антиевропски наратив против воспоставувањето на добрососедски односи меѓу двете земји“.

Според бугарското МНР „особено загрижувачки се злонамерните манифестации на јавниот простор во време кога Софија и Скопје активно бараат начин за конструктивен дијалог и изнаоѓање трајни заеднички прифатливи решенија во интерес на европската интеграција на Република Северна Македонија и регионот.

Сметаме дека ваквите настани ќе станат дел од минатото, а нашите две земји ќе можат да отворат нова страница во односите, засновани на меѓусебно почитување и искрено пријателство“, велат од бугарското МНР.

Односите меѓу РСМ и Бугарија се заострија откако беше запален бугарскиот културен центар во Битола, само неколку дена по неговото отворање, потсетува Њуз.бг.