Германски експерт за Балканот го уништи наративот на СДСМ и ДУИ за францускиот предлог

Еден од најдобрите познавачи на Западен Балкан и југоисточна Европа, екс новинар на Франфуртер Алгемајне Цајтунг а сега аналитичар за повеќе светски медиуми со изјава која го уништува наративот на Пендаровски, Ковачевски, Маричиќ, Османи, СДСМ и ДУИ за прифаќање на Францускиот предлог со кој Македонија ќе стане членка на ЕУ.



Михаел Мартенс кој две децении интензивно го следи регионот и процесот на проширување на ЕУ вели дека Македонија со постигнати реформи како дел од Западниот Балкан никогаш нема да стане полноправна членка на ЕУ.

Мартенс користи иронија во својата порака од која јасно се гледа човекот кој има директни контакти во Брисел и сите други ЕУ центри индиректно порачува дека не верува дека прифаќањето на Француската рамка ќе ја донесе Македонија до членство во ЕУ.

Поноправното членство за Западниот Балкан според неговиот сатиричен приказ на ситуацијата е како да верувате во Дедо Мраз.

,,Верувам дека постои кредибилна перспектива на ЕУ за Западен Балкан. Верувам дека само од реформските напори на самите земји од Западен Балкан зависи дали ќе можат да влезат во ЕУ како полноправни членки или не. Верувам и во Дедо Мраз, Велигденското зајаче и Јети”, пишува Мартенс.

Изјавата на Мартенс случајно се поклопува со одлуката на ЦО на СДСМ да го прифати францускиот предлог за Македонија да може се зачлени во ЕУ.

Поврзана вест

Притвореник меѓу членовите на ЦО на СДСМ кои гласале за бугарскиот протокол