На ноќта на вештерките Гвен Стефани (48) беше во костим на сирена и со синовите Аполон и Зума собираа бонбони низ соседството. Во костимот беше нагласен стомакот кој не можеше да го скрие ни кошничката со бомбони. Стефани го очекува своето четврто дете иако се ближи до педесеттата.



Вокалот на групата No Doubt 14 години беше во брак со рокерот Гевин Росдејл со кого доби три сина, Кингстон (11), Зума (9) и Аполон (3). Двојката се разведе пред една година поради неверство на Гевин, и тоа со нивната дадилка.

Jавното понижување и жестокиот развод, пејачката ги надмина благодарејќи на поддршката од нејзините колеги од шоуто „The ​​Voice“, и од кантри пејачот Блејк Шелтон (41). Токму таму тие се вљубиле и потоа признаа дека оделе една година пред разводот на Гвен да заврши. Шелтон брзо по расчистувањето на обврските на Гвен започнал да им раскажува на пријателите за тоа како сака да има бебе и дека таа била подложена на оплодување.

Шелтон има два пропаднати брака зад себе, но нема деца. Тој вели дека е „лудо вљубен во Гвен и секоја песна што ја напишал оттогаш, и е посветена нејзе“.