Германка си го убила сопругот на „Златни песоци“, а ѝ помогнал…

Германка и Бугарин се уапсени за убиство на турист во „Златни песоци“, јавија бугарски медиуми.



На 8 јули 2022 година било пронајдено телото на маж чиј идентитет првично беше непознат. Во текот на истрагата стана јасно дека човекот е убиен, а причината за неговата смрт е задушување.

Утврден е идентитетот на убиениот – 45-годишен германски турист.

Сторители на делото се 43-годишна германска државјанка-сопруга на жртвата, и С.Р. 33 години – бугарски државјанин. Двајцата се изведени на кривична одговорност и им е одредена мерка притвор до 72 часа.