Тренчевска: Нема пари за плати со ребалансот, се бара системско решение

Барањето од 2806 денари повисока плата во јавниот сектор не е предвидено со новиот ребаланс на буџетот, потврди министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска.



Социјалниот дијалог продолжува, инетерес на владата е да има повисока плата но не со ад-хок туку со системско решение преку градење одржлив систем.

„Зборуваме за градење на систем, во ребалансот влегува К-15 за 2022 година, што не го бараат синдикатите, ние велиме ќе обезбедиме К-15 и нова метотодлогија што ќе се применува од 01.01.2023 година.“- Јованка Тренчевска, Министерка за труд и социјална полтитика

Новата методологија ќе овозможи постојан раст на платите на јавната администрацијата која што пак ќе го следи растот на инфлацијата и растот на просечната плата. Ова го кажа министерката за труд и социјална политика поставувањето камен темелник за изградба на првата детска градинка која се наоѓа во населбата Пролет во општина Центар. Градинката чија што изгерадба е најавена за две години е капитална инвестиција вредна околу 2,5 милиони евра, ќе обезбеди опфат на 150 деца, сместени во 9 занимални и е комплетна инвестиција на Општина Центар. Министерката посочи дека најголем проблем со слободни места има општината Аеродром, таму 900 дечиња чекаат место во градинка. Тренчевска апелира до општините со долги листи на чекање да аплицираат до министерството за да може да влезат во годишната приограма.

Според градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски сите дечиња од општината коишто чекаат во моментов ќе бидат згрижени од септември.

„Има околу 200 дечиња кои што чекаат, приоритет ќе бидат дечињата од општина Центар и од септември сите ќе бидат згрижени.“- Горан Герасимовски, Градоначалник на Општина Центар

Кружната градинка во населбата Волково сеуште чека технички прием изјави Тренчевска и најави дека од септември и таму ќе можат да бидат згрижени нови деца. До крајот на годината според неа предвидено е отворање на уште 13 градинки во цела држава со опфат за околу 1.360 деца.

Извор: Канал 5