Турбулентно на Волстрит: Акциите на Твитер нагло паѓаат, на Тесла се креваат

Главниот проблем на Маск со Твитер се лажните профили на мрежата



Акциите на Твитер нагло потонаа на почетокот на претпазарното тргување денес, откако Илон Маск изјави дека се обидува да го спречи преземањето на компанијата во вредност од 44 милијарди долари.

Акциите паднаа за речиси 9% пред да ги ограничат загубите за подоцна да се тргуваат за околу 7% пониско. Во меѓувреме, акциите на компанијата Тесла на Маск пораснаа за околу 1 процент.

Во петокот, адвокатот на Маск го известил управниот одбор на Твитер дека сака да го откаже договорот, по што следел одговор од компанијата дека планираат да тужат. Меѓутоа, милијардерот и на тоа имаше одговор .

Главниот проблем на Маск со Твитер се лажните профили на мрежата, со тврдења дека компанијата крие вистинити информации за тоа колку од активноста на платформата е автентична.

Твитер, од друга страна, вели дека му ги дал на Маск информациите што му се потребни за да го оцени неговото тврдење за спам профилите.
Ричард Виндзор, основачот на истражувачката компанија „Radio Free Mobile“, изјави дека не е акционер на Твитер, но да беше – сега би продавал.

„Сè уште постои јаз меѓу фундаменталните вредности и цената на акциите“, додаде тој.