Поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов и лидер на опозициската ГЕРБ, изјави дека нема да поддржи формирање на никаква експертска влада во Бугарија.
„Нема да поддржиме ниту една влада… Брзи избори и ќе има друга изборна ситуација. Земјата мора да оди на избори затоа што сите партии знаат дека државата е пропадната во секоја сфера. Нема ни гас, ни струја, се наталожија огромни долгови“.



Лидерот на ГЕРБ ги обвини челниците од владејачката „Продолжуваме со промената“, Асен Василев и Кирил Петков дека не сакаа да формираат кабинет.
„Не сакаа да формираат влада. Се правеа дека прават влада. Ако формираа влада, гасот поскапува за 32 отсто, но гас нема. Тие сакаат да го пренесат овој проблем на Румен Радев и на некој иден владин министер“, објасни Борисов.

Тој со жалење истакна дека Бугарија оди кон катастрофа. И оваа катастрофа е резултат на администрацијата на Кирил Петков, за која одговорност има претседателот Румен Радев.
„Целосна катастрофа – инфлација; целосна катастрофа – цените на храната…“.

Борисов истакна дека паднатата влада немала храброст да донесе важните одлуки.

Лидерот на ГЕРБ потсети дека ја извлекол Бугарија од три кризи: грчката криза, мигрантската криза и кризата со Ковид“. БГНЕС