Кога се сака нешто и Шолц тоа го може „Македонки и Македонци“! И така е правилно, но атрибутот „северномакедонски“ за јазикот, името, народот, државата, го чува, тој зад грб за подоцна и за вечни времиња, реагира професорката Наташа Котлар на денешното отворено писмо до македонската јавност од германскиот канцелар Олаф Шолц во кое повикува да се прифати „компромисниот“ француски предлог по то Македонија ќе тргне кон ЕУ..
„ Господине, компромис е кога две страни (во случајов држави) ќе постигнат согласност за взаемни отстапки! Во случајов, такво нешто нема.
А, ултиматумот (во меѓународните односи) подразбира категоричко барање на една држава од друга, односно барање придружено со некаква закана.
Ние, „Македонките и Македонците“, категорично ве известуваме дека сме прилично писмени и способни да расудуваме и оттука да правиме разлика во значењето на поимите „компромис“ и “ултиматум“!
Колку треба еден човек да биде циничен и да посегнува по мистификација на нештата и поимите, господине Шолц! Само почитувајќи го нашето основно право на рамноправен статус во меѓународната полтичка комуникација, како и нашиот посебен историски, духовен и народносен континиум ќе значи мегдан за разговори, ништо друго господине Шолц!
Verstehen Sie, Herr Scholz?- пишува професорката Котлар во објавата на Фејсбук







