Професорката Билјана Ванковска реагира на објавата на колегата професор Тони Дескоски кој ги повика организаторите на протестите против францускиот предлог да ги отстранат знамињата со Сонцето од Кутлеш!



„ Тони очигледно не знае што е сенароден , масовен митинг/протест/движење! Кој може да воведува ред меѓу десетици и десетици демонстранти! Ако дојде некој да ме попита, може да го зашљакам со знамето“ пишува Ванковска која вели дека „дури и Преспа не го забранува користењето на симболите од приватни и не државни субјекти. Ј

ас фино си го купив, па си го нагрнав! Нема закон што може да ме казни за тоа. Плус тоа пееме за Македонија, никогаш Северна, само едно име имаме (толку е длабока болката и траумата од Преспа и Софија се толку поврзани)!

Замислете – пишува Ванковска – Дескоски вели тоа било државно знаме САМО три години. Тоа се трите КЛУЧНИ ГОДИНИ за формирањето на независна Македонија! Зарем сега орвеловски ќе ја менуваме историјата?!

„Дескоски тврди дека македонскиот народ никогаш не го користел истиот (симбол). Ај да не одам во историјата, црквите и наоѓалиштата, туку ми е чудно што колегата се прави недоветен за да не го види растечкото значење на тоа знаме за етничките Македонци особено по 2001 и 2005, кога Албанците го озаконија знамето на Р. Албанија за свое, етничко.

Во изминатиот 20-годишен период консоцијацијата (држава како заедница на заедници) создаде ситуација во која Македонците практично нужно мораа да се идентификуваат со свое етничко знаме како одговор на сите оние кои им удираат по идентитетските основи. Точно е дека јас сум растела под друго знаме подолго од Дескоски и тогаш не сме го имале Кутлеш, ама сега тоа има сосема друга димензија и значење.

На крајот, Дескоски ни порачува: Си имаме и државно знаме со поинакво сонце. Ова звучи надежно! Или ми се чини!? Колега, добредојден си со знсмето на твоите дедовци, па дури и без знаме. Само одважи се и излези меѓу својот народ. А можеш и некој збор да напишеш во која бездна не’ води прифаќањето на предлогот“, пишува Ванковска на Фејсбук