Во Собранието денеска ќе се разговара за тоа кога би можела да се одржи пленарната седница за Информацијата за содржината на предлог–преговарачката рамка за пристапните преговори на Македонија со ЕУ, предложена од Франција.
Претседателот на Собранието Талат Џафери пред неколку дена за МИА изјави дека за тоа ќе се разговара на денешната координација на која како владин претставник ќе присуствува вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.
Пратениците од опозицијата побараа од претседателот на Собранието да ги врати материјалите назад во Владата со забелешка дека е испратена само Информација, без ниту еден документ.
Пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски вчера во дневникот на телевизија „Сител” најави дека ќе бидат присутни во Собранието бидејќи почнува дебата за ребалансот на Буџетот и дека ќе направат се што треба за да го претстават мислењето на граѓаните за францускиот предлог.
Од СДСМ, пак, сметаат дека одговорноста е на законодавниот дом да донесе натамошни заклучоци, согласно собраниските процедури.
Претседателот на Собранието со став дека сите документи се веќе јавно достапни и секој може да ги види.







