И Лиз Трас сака да биде наследник на Борис Џонсон

Шефицата на британската дипломатија Лиз Трас ја објави својата кандидатура за наследник на Борис Џонсон на функцијата премиер и лидер на владејачката Конзервативна партија, јави Би-Би-Си.



„Се кандидирам затоа што можам да водам, да дадам резултати и да носам тешки одлуки. Имам јасна визија за тоа каде треба да бидеме и искуство и решеност да стигнеме таму“, изјави таа за весникот „Дејли телеграф“.

Џонсон оваа недела објави дека ќе поднесе оставка откако неговиот неуспех да се справи со повеќе скандали доведе до низа министерски оставки, што започна спорна трка за негово замена.

46-годишната министерка Трас се смета за еден од фаворитите во трката за лидер на ториевците за кое место додега се пријавија 11 кандидати.