Татко ми роден 1936 како Македонец, ја преживеал фашистичката бугарска окупација, живеел и делувал како Македонец низ сите премрежиња на народот низ поствоените глобални кроења и прекројувања. И почина во 1998 како Македонец во независна Република Македонија.
Оваа порака кон власта но и граѓаните денеска ја упатува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски чиј татко Благоја беше еден од водечките новинари во македонското радио, еден од столбовите на македонската нација и независна држава.
,,Сега криминалци, битанги и медиокритети со синдром на слуги замислуваат дека ќе ме доведат во ситуација да му одам на гроб и да речам, “Извини ама ти си роден пред ’45, ти си Бугарин, ама па цел живот тоа не си ми го кажал”!? Како тоа го замислуваат?
А бре марш, одродени!
За парче бифтек ги продавате коските на покојните!
Ништо нема да ве спаси од предавство, ништо!
Најмалку понудените шарени стакленца!”, порачува Стоилковски кој ги користи хаштазите:
#Во7ПредВлада
#УлтиматумНеБлагодарам
#НемаДаВиПомине
#Македонија





