Срамно: Ковачевски сподели вест во која е наречен северномакедонски премиер

Премиерот Димитар Ковачевски денеска направи срамен чекор и им се придружи на неколкуте други политичари кои наместо македонски не нарекуваат Северномакедонци или ја користат придавката северномакедонски/о/а.



Ковачевски споделува твит на шефицата на Меѓународниот монетарен фонд Кристалина Георгиева која во патот вели дека разговара со северномакедонскиот премиер (northmacedonian PM).

Со тоа Ковачевски самиот ги крши правилата поставени од владата и од МНР според кои странските медиуми и ентитети не смеат да не нарекуваат Северномакедонци туку Македонци.