Твитерџии ќе ни го умрат од мака премиерот, извадија хит изјава (ТВИТ НА ДЕНОТ)

Четири дена откако ја дал изјавата а никој од трационалните медиуми не ја експлоатирал твитерџии вадат хит изјава на премиерот Ковачевски која покажува дека тој има проблем со логиката и со елементарно поставување на најобични тези.



Во изјава за протестите против бугаризацијата и францускиот предлог Ковачевски вели дека такви протести не се случиле никогаш освен еднаш а сега втор пат.

Простата логика и јазични правила велат дека ако нешто се случило еднаш не можете да кажете дека не се случило никогаш но човекот кој сакаше да ја убеди јавноста дека студирал на Харвард а таму бил само на краток курс повторно заглави во своите пречесто конфузни и нејасни изјави.

Нелогичната изјава на Ковачевски се разбира стана хит причина за негово тролање на Твитер.