Пред два дена екс вицепремерот за европски прашања Ивица Боцевски во емисијата Заспиј ако можеш прозва полициски началник кој според официјалните податоци на МВР е одговорен за справувањето со настаните околу плоштадот Скендербег.
Подоцна е утврдено дека началникот не е веќе одговорен за таа работа затоа што е во пензија но МВР се уште неговото име го прикажува како одговорен.
“Во вчерашната емисија кажав дека началник на ПС Скопје е Тони Јакимовски. Имајќи предвид дека таа информација е на web-страницата на македонското МВР, како и по проверка во соодветните служби за односи со јавност на македонската полиција, јас го посочив него како одговорен за немилите настани кај подвозникот под некогашнара Стоковна куќа ,Мост’. Меѓутоа, денеска дознавме дека господинот Тони Јакимовски е веќе цели два месеци во пензија, па му се извинувам за несоодветното претставување и му посакувам долга и убава пензија, со многу време посветено на внуците.
Во меѓувреме се обративме до МВР со барање да се произнесе вршителот на должност началник на ПС Скопје околу целата состојба на кобниот ден, но досега нема никаков одговор оттаму.
Политичка и командна одговорност за пеколното сценарио е нужна и неопходна, токму за да се заштити угледот на македонската политика од овие гнасни местенки и пеколни сценарија”, изјави за expres.mk Боцевски.
Зошто МВР вели два месеци го чувало името на Јакимовски на својот веб сајт засега не е познато.
Интересното издание на Заспиј ако можеш каде Боцевски ја прави грешката подготвена од МВР во ова видео






