Во Куманово наврнаа 52 литри дожд на квадратен метар

Најмногу дожд до осум часот утрово наврнал во Куманово, каде се измерени 52 литра на метар квадратен, на Попова Шапка 47 и 42 литра во Тетово.



Според Управата за хидрометеоролошки работи, во изминатите 24 часа во Пожаране наврнале 40 литри, Скопје-Петровец 34, Прилеп 33, Крушево и Скопје – Зајчев Рид 32, Маврово 26 , Виница 24, Охрид 22, Претор 18, Штип 17, Лазарополе и Ѓуриште 16, Тополчани 15, Демир Капија 11, Крива Паланка 10, Битола 8, Струмица и Гевгелија шест, Берово пет и во Дојран четири литри на метар квадратен.

УХМР за денеска најавува претежно облачно и свежо со врнежи од дожд, кои на повеќе места ќе бидат обилни, од 10 до 20 литри на метар квадратен. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 24 степени.

Во Скопје, претежно облачно и свежо со врнежи од дожд, повремено обилни и поројни. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 19 степени.