Ова го изјави претседателот Стево Пендаровски во синоќешното гостување во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 .
„Зошто ние го променивме името? За да влеземе во НАТО, можевме и во безбедносна смисла сами, па јасно е дека не можевме. Тие се алтернативите.
Има и други алтернативи освен ЕУ, но не се подобри за нас“, рече Пендаровски.
„Како да го задржиме ентузијазмот на граѓаните, ако од другата страна тие не испорачуваат? Сега дојде време да ти е срам и страв да кажеш дека си за ЕУ“, вели Пендаровски.
Претседателот смета дека во моментов во државата има сериозна криза и со енергија, и со инфлација и со бугарско вето.
„Имаме една мултиплицирана криза. Заради војната во Украина имаме проблеми со енергија, со високи цени на производи, претходно наши делби и парламентарни блокади, и ова е капак на се.
Имаме ситуација дека кога на тацна да ти даваат власт сега во Македонија без избори треба да одбиеш, ако си нормален. Треба да одбиеш“, изјави Пендаровски.






