Претседателот Стево Пендаровски открива дека запрашан од францускиот колега Емануел Макрон за забелешките за францускиот предлог, му рекол дека првиот предлог е само за сликање.



„На мојата прва средба со Макрон, ми рече кои се вашите главни забелешки и дали можеме некако да ги удоволиме за да не мораме да одиме повторно во Софија, па таму тие да отворат Парламент и Владата и.т.н.

Пендаровски му рекол дека преговорите не почнуваат.

„Ми вели како не почнувате? Вие имате прва конференција.

Ама таа не е отворање, таа е симболична, таа е за сликање… му рекол македонскиот претседател на Макрон.

„Ако е навистина отворање, дајте скрининг после тоа, бидејќи секогаш кога отвораш преговори, имаш скрининг кој трае 12-14 месеци. Те скенираат во сите области“, вели Пендаровски во гостување на дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 кое ќе биде емитувано вечерва во 21,30 часот.