Нов извештај на Софија открива катастрофални факти кои ги кријат Ковачевски и Османи

Извештајот на бугарското МНР за текот на изготвувањето на францускиот предлог открива важни и за Македонија катастрофални факти кои ги кријат Ковачевски и Османи.



Во точките од извештајот Софија открива дека македонските власти лажат кога велат дека протоколот од Софија нема да биде дел од рамката за преговори со ЕУ, дека Македонија ќе почне преговори со ЕУ и дека останува пакетот Македонија и Албанија:

1. Билатералниот и сеуште таен македонско-бугарски протокол е составен дел од преговарачката рамка

2. Македонија нема реално да ги почне преговорите со ЕУ додека не го смени Уставот, учебниците, написите на спомениците и уште многу други услови

3. Со ваквиот француски предлог се раздвојува пакетот Албанија и Македонија, стои во извештајот

Ако Македонија го потпише предлогот, Албанија ќе има реален почеток на преговорите со првата меѓувладината конференција, а Македонија ќе има про-форма фото сесија на Ковачевски и Османи во Брисел, после што ќе мора да се занимава со исполнување на бугарските ултиматуми наместо да се работи на реални европски стандарди.

“После одржувањето на првата политичка меѓувладина конференција (МВК) од С. Македонија и соодветно првата МВК од Албанија за започнување на преговорите, патот на двете држави кон членството во ЕУ практично се раздвојува. Потоа тешко ќе се аргументираат обвинувањата кон Бугарија, дека поради блокирањето на Македонија ја попречуваме евро интеграцијата на Западниот Балкан. Тоа значително ќе го ослабне надворешниот притисок кон Бугарија и ќе ги зацврсти бугарските позиции спрема Скопје”, пишува во извештајот.

Во точка 4 се објавува дека владата во Скопје е подготвена за отстапки кои би ги бранела пред своите гласачи.

“Актуелната влада на С. Македонија има стратешки интерес да започне преговори за членство со ЕУ и е спремна на отстапки, дури и е подготвена политички да ги оправда пред своите избирачи.”, Се вели во извештајот кој го пренесуваат бугарски медиуми.

https://m.offnews.bg/news/Politika_8/Dokladat-na-MVnR-za-frenskoto-predsedatelstvo-i-pregovorite-za-Severna_779648.html