Кацарска: „Не треба да се исклучи референдум за францускиот предлог – луѓето не ја знаат состојбата, оти не е објавен протоколот“

„Не знам колку граѓаните во овој поларизиран емоционален момент може да проценат од анкета дали тие се ‘за’“ или ‘против’ одреден предлог, којшто не беше ниту јавно достапен и за којшто има се уште многу недоумици и покрај објаснувањата.’ – изјави денеска директорката на Институтот за европска политика (ЕПИ), Симонида Кацарска пред Форумот Еуропеум 2022 – „Западен Балкан и ЕУ во 2022 година: Што претстои?“ – објави весникот „Нова Македонија“ во својата статија со наслов „Симонида Кацарска не исклучува референдум за францускиот предлог, иако вели дека би бил макотрпен и долг процес“.

„Во однос на тоа дали референдум би било решението, Кацарска вели дека за тоа се расправа и оти не може да се исклучи и таа можност. ‘Ова не би било откажување од европската перспектива, ниту прифаќање на европската интеграција како решение за се. Референдумот би бил многу тежок да се организира. Ќе биде макотрпен и долготраен процес, но не треба да го заобиколиме кое било решение, со оглед на поларизираноста.’ – нагласи Кацарска.“

„Директорката на Институтот за европска политика Симонида Кацарска смета дека необјавувањето на протоколот и записниците оневозможува дел од луѓето да ја проценат состојбата и веројатно поради тоа се создава простор за недоумици и за поинакви толкувања. ‘Подобро е, ако би знаеле во целиот тој пакет кои се тие документи. Инаку, не можеме да говориме за суштествена дебата. Собранието е исклучително важно, бидејќи знаеме дека првиот чекор којшто доаѓа кај нас е промената на Уставот. – рече таа.“

„Прашана дали е можно менување на преговарачката рамка, Кацарска изјави дека е тешко тоа сценарио да се предвиди во оваа фаза. ‘На нас е да процениме дали сме подготвени и да чекаме, за да можеме да очекуваме веројатно почист процес. Истовремено и ЕУ се менува внатре.– истакна Кацарска.“