Бугарски медиуми со особен интерес ги следат протестите во Македонија против Францускиот предлог, а Њуз .Бг, денеска ја пренесува неговата порака Софија да не се надева дека ќе биде отворен македонскиот Устав со цел Бугарите да бидат внесени како дел од ултимативните бугарски барања за кревање на ветото за отпочување преговори на Скопје со Европската унија



„Цврсто верувам дека ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи никакви уставни измени, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски пред почетокот на протестот за отфрлање на францускиот предлог за деблокирање на евроинтеграциите на земјата.

Денеска добивме информација дека Владата одлучила за преговарачката рамка и вториот документ кој ги претставува заклучоците на Советот, што практично е дел од договорот што владата за СДСМ и ДСИ го направи со официјална Софија, рече лидерот на опозиција.

ВМРО-ДПМНЕ ќе постапи согласно стратегијата, а тоа е да се обиде да им објасни на народот во Македонија дека тоа не е нивна иднина, дека ова е предавство, кое напротив ја запира нашата иднина во обединета Европа“, кажа Мицкоски.