Бугарската активистка за човекови права Мирела Заричинова им удри фигуративна шлаканица на бугарските политичари и научници кои тврдат дека македонскиот е дијалект на бугарскиот јазик.
Активистката која работи низ регионот на Западен Балкан и често патувала во Македонија не навлегува во политичките односи туку во лингвистичките и реалните состојби меѓу двата јазика.
Заричинова е подготвена во нејзината земја да биде наречена предавник.

Таа признава дека иако често патувала за Македонија не го разбира македонскиот јазик и тврди дека тие што инсистираат дека се работи за еден јазик со бугарскиот лажат.
,,Патем – наречете ме предавник, но едно време кога активно патував низ Балканот, секогаш на автобуската станица во Скопје користев англиски јазик, за да нема недоразбирања. А на твитер кликам преводи на 90% од македонските твитови. Тоа едноставно не е јазик што го разбирам лесно”, вели активистката.
На објаснувањето на еден бугарски коментар кој вели дека се работи за блиски јазици активистката вели дека ,,можеби се блиски, но секако не се истиот јазик како што тврдат некои”.
Сите коментари во дебатата која ја предизвикува Бугарската активистка за човекови права во твитот
Между другото – наречете ме предателка, но едно време като пътувах активно из Балканите на автогарата в Скопие винаги ползвах английски, да не стават недоразумения. А в туитър цъкам translate tweet на 90% от македонските туитове. Това просто не е език, който разбирам лесно. pic.twitter.com/OYIK6G33vh
— Mirela Zarichinova (@MirelaRayuela) July 6, 2022
Последна вест
Има се, може се, а вие скенирајте фискални
Фантастични 5000 евра: Заеви со модни детали повредни од годишна минимална плата (ФОТО)






