Рускиот претседател Владимир Путин упати предупредување до тие што мислат дека Русија веќе ги исцрпила своите капацитети во воената интервенција во Украина.
„Денеска слушаме дека сакаат да бидеме поразени на бојното поле. Па, што да кажам? Нека се обидат. Сè уште навистина не сме почнале ништо“, изјави тој.
Путин, исто така, рече дека се чини оти Западот всушност е подготвен „да се бори до последниот Украинец“, што, според него, е „трагедија“ за украинскиот народ.
Ако целта на Западот беше да предизвика конфликт меѓу Русија и Украина, тој очигледно успеа во тоа, призна шефот на руската држава. Меѓутоа, на стратешко ниво, Западот веќе загуби кога Москва ја започна својата воена операција во Украина, објасни Путин.
„Требаше да сфатат дека веќе изгубија од самиот почеток на нашата специјална воена операција, бидејќи нејзиниот почеток го означува и почетокот на целосното уривање на американскиот светски поредок“, додаде тој.
Претседателот на Руската Федерација уште нагласи дека тековниот развој на настаните „не може да се запре“.






