„Инцидентот на плоштадот ‘Скендербег’ е разрешен засега, но останува во јавноста стравот и очекувањето на нови, можни нови ескалации.“ – пишува Радмила Заревска во својата анализа со наслов „Се обновуваат меѓуетничките напнатости – судирот ќе влегува во друга димензија?!“, која ја објави весникот „Нова Македонија“.
Покрај другото, Заревска пишува: „По тешкиот инцидент, кој можеше да предизвика сериозен меѓуетнички судир, што се случи пред почетокот на протестите против францускиот предлог пред плоштадот ‘Скендербег’, на влезот во Старата скопска чаршија, се отворија низа суштински прашања, кои мислевме дека одамна ги затворивме…“
„Во рамки на нашето истражување и пошироката анкета со граѓаните, на површина излегоа индиции, кои откриваат растечки енички набој, меѓуетничка наелектризираност, а кај одредени граѓани и револт насочен кон спротивниот етникум, предизвикан токму од инцидентот на плоштадот ‘Скендербег’. Кој има интерес да си поигрува со такви самоуништувачки игри и да ги обновува и да ги потпалува меѓуетничките напнатости?“
„Дали одредени високи државни функционери, споменувајќи ги меѓуетничките напнатости беа видовити, политички превентивни ‘свиркачи’, или и самите беа создавачи на вакви судири, за да постигнат некакви цели? Можеби некои разузнавачко-безбедносни служби се вмешале во инцидентот кај ‘Скендербег’, сакајќи да отворат ново безбедносно жариште и да ја прикажат Македонија како реален безбедносен проблем, чие место воопшто не е во ЕУ?“
„Александар Кржаловски, прв извршен директор на Македонски центар за меѓународна соработка смета дека целава ситуација со францускиот предлог и поларизацијата околу неговото (не)прифаќање се заканува да предизвика и меѓуетнички тензии. ‘Тоа што Европската унија реши да попушти пред барањата на Бугарија и да вметне голем дел од нивните барања, кои се билатерални прашања, а дел од нив навлегуваат во оспорување на македонскиот идентитет (вклучително и јазикот), во преговарачката рамка (и придружните документи), придонесе кон оваа ескалација на ситуацијата кај нас.’ – посочува Кржаловски“
„Според Кржаловски, Владата и претседателот Пендаровски, премногу бргу зазедоа страна/став/позиција за прифаќање на предлогот и со тоа придонесоа кон поларизацијата и тензиите.“
Home Македонија Кржаловски: „Владата, Пендаровски и ЕУ придонесоа кон тензиите, прифаќајќи ги бугарските антимакедонски...





