Британскиот премиер Борис Џонсон одби да поднесе оставка откако тоа го побараа министри кои дојдоа во неговата резиденција во Даунинг стрит и рече дека „ќе ја продолжи борбата“, објави Скај њуз, цитирајќи висок извор во резиденцијата.
Според телевизијата, шефот на Министерството за внатрешни работи на Обединетото Кралство Прити Пател, еден од главните сојузници на Џонсон, беше меѓу оние кои го повикаа премиерот да го послуша преовладувачкото мислење на конзервативците и да се повлече.
„Нема да поднесам оставка, а последното нешто што и треба на оваа земја, искрено кажано, се уште едни избори“, изјави Џонсон пред парламентарната комисија на прашањето за можноста за нови избори доколку му биде изгласана недоверба.
Повеќе од 30 луѓе ја напуштија владата на Џонсон во изминатите два дена.






