Солидно се гостел: Maричиќ трошел по една просечна плата за јадење од државна сметка

Нема месец во кој Бојан Маричиќ како министер за правда не бил во ресторан на државна сметка. Од бифтеци и печења до свежи риби и јунешки мускули се плаќале со неговиот министерски потпис. На сметките исто така има и жолти ракии и висококвалитетни вина, објави А1он.



Плаќал со службената картичка, но и на фактури од угостителски објекти кои стигнувале во Министерството за правда. За една година потрошил 5.000 евра.