Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски реобјавува прашања на пратеникот и полковник Драган Ковачки до власта.
Прашањата во нелагодна ситуација го ставаат министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски затоа што индицираат негова инволвираност во активности кои довеле до вчерашното насилство на протестите против бугаризација на Македонија.
Прашањата се однесуваат на настани за кои директна одговорност има Спасовски:
1️⃣ Од каде им се на лицата со фантомки шок-бомби што беа фрлани накај Собранието?
2️⃣ Чиј магацин пред месец дена во среде касарна во Охрид беше опљачкан и беа украдени шок бомби?
3️⃣ Кој правеше вежби на 7 мај со уфрлени инфилтратори за протести?
4️⃣ Од каде знаеја Спасовски и Ковачевски дека најавените протести ќе бидат насилни и кои беа лицата кои ја дочекаа колоната народ од пред МНР што се движеше кон Собранието?
5️⃣ Врз основа на кој член од Закон или Правилник, полицијата удира клоци на рбет на легнат човек на земја?
6️⃣ Врз основа на кој член од Закон или Правилник, полицијата апси малолетно лице, го носи со лисици на раце, го става во полициско комбе и го носи во станица?
7️⃣ Откако веќе инфилтраторите си ја завршија работата, кој одобри употреба за несразмерна сила од страна на полицијата?
Јавноста цел месец не разбра кој во Охрид опљачка магацин на МВР со шок бомби иако многумина предупредија дека тие можат да бидат употребени несоодветно.
1️⃣ Од каде им се на лицата со фантомки шок-бомби што беа фрлани накај Собранието?
2️⃣ Чиј магацин пред месец дена во среде касарна во Охрид беше опљачкан и беа украдени шок бомби?
3️⃣ Кој правеше вежби на 7 мај со уфрлени инфилтратори за протести? pic.twitter.com/dmEkThjbLS
— Христијан Мицкоски (@MickoskiHM) July 6, 2022






