Како што вчера најавија премиерот Ковачевски и други луѓе од власта вечерта на протестите против Бугаризација се појавија луѓе кои со качулки предизвикуваат инциденти а никој не ги спречи.
Според полициски извори МВР под водство на Оливер Спасовски досега не уапсило ниту еден од луѓето со качулки кои вчера покрај нападите врз полицајците го нападнале и екс вицепремиерот Ивица Боцевски кога тој на протестите против Бугаризација побарал да ги симнат маските.
За случката раскажува и очевидец:
Вчера, со братот Igor пред сообрание случајно се најдовме до Ивица Боцевски кој пак беше во скачка со една поголема група од 10 (можеби и повеќе) кој носеа фантомки. Ивица културно побара да ги извадат фантомките но лицата почнаа агресивно да враќаат и беа спремни физички да се пресметаат.
Ситуацијата ескалираше, и траеше повеќе од 2 мин. каде да не беа нашиве што протестираа околу Ивица, ќе настрадаше самиот бидејќи групата упорно не сакаа да им се видат лицата и одбиваа на наредбите на граѓаните кои се префрлија на страна на Ивица.
Е сеа, такви групи имаше многу повеќе во цела толпа и таква иста група влезе да мава по џандари, (бев напред видов) иста таква група е крива за повредените џандари, копиљаци уфрлени низ топла наши со фантомки за да прават срања какви што видовте вчера на тв. Немојте да паѓајте на спинови од партии, бидејќи 50000 народ бевме вчера, ниту сте слепи, ниту сте глупи, за да не приметите што ви се случува пред нос, гневни сте знам, револтирани, протестирате мирно и достоинствено, а некој ве прави будала.
Но Дами и Господа моравте да бидете спремни на ова, борбата е таква, и стварно не знам што очекувавте, дека ќе биде лесно, дека ова е кур играње, и дека ќе не послушаат? Дечки ова е секојдневна борба, чим до сега не не послушаа и не го одбија предлогот значи дека се спремни да одат до крај, тој крај е поплочен со тешки говна што ќе ни ги приредат.
Да не заборавиме дека имаме работа со махери, кој дојдоа на власт со секој ден тепање џандари, палење контејнери, кречеа како Кичо и Ацки у викенд на мртовци, 3 месеци се бавеа со куртони у боја, вадеа посмртни слики, палеа канцеларии, спиеа по улици, кршеа установи и не ме зачудува сега што пуштаат инсајдери у толпа да прави неред. Бидејќи тоа го сакаат, да ескалира ситуација за да можат да ни пуштат топови, пендреци и да тргнат на нас.
Но не ми паѓајте драги мои, 50000 не има секој ден, 50000 искрени граѓани кои плачат на химната од болка, без политички партии, без политички позадини да донесеме некој на власт, туку на една ебана мисија да падне актуелната бидејќи не сакаат да го одбијат францускиот предлог и сакаат да не осакатат за век и векова!
Бидете горди на тоа, бидејќи јас сум горд на вас и се додека не има олкав број на улица, МАКЕДОНИЈА ЖИВА И ЖИВ Е АСНОМ и АПСОЛУТНО ништо не ни можат, бидејќи сите тие доаѓаат и си одат, а ние сме едниствената константа која е непроменлива во емоциите кога се работи за татковината. Ве љубам што сте такви! ❤️🇲🇰
Се гледаме во 19:00h”, пишува на Фејсбук очевидец на настаните.
Боцевски потврдува дека настанот се случил и порачува дека Македонија се брани со чист образ.

Што имале во чантите луѓето со качулки засега не знае никој.
За можни провокатори уфрлени од службите за безбедност зборуваат повеќе извори.
Меѓу другите и новинарот Љупчо Златев прашува зошто ако МВР знае дека ќе има насилство истото не го спречува.
,,Вчера претпладне власта не извести дека на протестот ќе има насилство, имаше насилство.
Денеска не известуваат дека имале информации дека вечерва ќе се фрлале молотови коктели.
Па ако имаат информации што не отидат тие кои подготвуваат молотови уште сега да ги уапсат?
Или прво си нарачуваат што да им прават агентите провокатори на АНБ, потоа предупредуваат и на крајот реализираат?”, пишува Златев.
На социјалните мрежи се појавија и видеа од луѓе во качулки кои бегаат веднаш откако ја напаѓаат полицијата а некои и разговараат со полицајците.
Пратени структури на Обиџуко, ПРОВОКАТОРИ#висегледакрајот pic.twitter.com/3IwRgglnJv
— Пејачот (@pejacot) July 6, 2022





