Борел: Европа не сака војна со Русија, но ако треба – ќе дејствуваме!?

Ова го изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна политика, Жозеп Борел во интервју за весникот „Јомиури“.



Тој нагласи дека постои „реална можност“ битката за Славјанск да биде клучна во нивната кампања за обезбедување на регионот Донбас.

Коментарите на Борел доаѓаат кога руските сили напредуваат кон градот Славјанск во самопрогласената Доњецка Народна Република (ДПР) и откако Москва прогласи победа над територијата на Луганската Народна Република (ЛПР).

Во врска со ова, првиот човек на ЕУ истакна дека Унијата почнала „да преминува од намера кон акција, покажувајќи дека кога ќе бидеме провоцирани, Европа може да одговори“.

Бидејќи не сакаме да војуваме со Русија, овој одговор засега се заснова на економски санкции, чие влијание наскоро ќе се зголеми, објасни Борел.