Режисерот Дарко Митревски кој е автор на филмовите Трето Полувреме, Балкан Кан и други ги повикува припадниците на безбедносните сили на Македонија да бидат со својот народ или во спротивно да бидат легитимна цел на граѓаните кои протестираат против францускиот предлог и бугарските барања.
Митревски кој е автор на слоганот ,,Никогаш северна, само Македонија” кој се скандира и деновиве на протестите нонинна сите други јавни собири смета дека ,,Северна Македонија” е окупаторска творба а единствена легитимна држава на македонскиот народ е Македонија.
,,До сите припадници на безбедносните сили: Република Северна е окупаторска творба насадена врз Македонија, легитимната држава на македонскиот народ. Отаму, секој оној кој и служи на Република Северна наспроти интересите на македонскиот народ претставува легитимна цел врз која ќе се истури гневот на Македонците. Доколку носите униформа на која пишува зборот “Република Северна“, сега е момент да ги искинете ознаките и преминете на страната на народот. Доколку одбиете, праќате порака дека се согласувате да бидете легитимна цел – и да ги сносите последиците за тоа”, пишува Митревски чиј филм Трето Полувреме кој зборува за бугарската фашистичка окупација на Македонија и депортацијата на македонските Евреи е практично забранет од Македонските власти односно СДСМ и ДУИ.
Поврзано
Иако во власта има неколкумина што би проголтале
Нечев: Премногу да се проголта, не може Македонија да плаќа за неисполнетите ветувања на ЕУ






