Германски производител на кондоми во банкрот поради – Русите

Еден од најголемите производители на кондоми, CPR GmbH, отиде во банкрот откако во Русија ескалираа проблемите со наплатата на нивните производи.



Компанијата од Сарштет во Долна Саксонија оваа пролет објави дека е во финансиски проблеми.

Според претходните извештаи, компанијата била под притисок поради девизните и платежните проблеми во нејзиното работење во Русија по почетокот на војната во Украина и стапувањето на санкциите.

Компанијата CPR, која извезуваше во различни земји, објави податоци според кои произведувала до 200 милиони кондоми годишно до средината на 2020 година. (б92)