Во тепачка меѓу две семејства, во која има и повредени две жени и шеснаесетгодишно дете, синоќа во Струмица беше убиено 22-годишно момче.



Директорката на струмичката болница, д-р Катерина Кузмановска, која информираше дека момчето било прободено и било донесено мртво во болницата, додека повредените се надвор од животна опасност.

Според портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова, пријавен бил инцидент на улица „Бетовенова“ во Турското Маало во градот, а полицијата презема мерки за расчистување на случајот.