По грдиот развод од поранешниот сопруг, кој јавно го призна неверството, Сандра Булок престана да верува во љубов, но кога најмалку се надеваше, во нејзиниот живот влезе фотографот Брајан Рeндл.



Во последните две години на ѕвездата од голем број филмски хитови во љубовта и цутат рози. Таа нашла човек од нејзините сништа што и одговара по сите критериуми и сега е подготвена за нов брак.

Еден пријател на славната актерката откри дека Сандра навистина сака да направи мала свадбена церемонија во кругот на најблиските, но планира предходно да заврши некои формалности.

„Сандра е малку колеблива, Брајан не го усвоил нејзиниот син Луис и нејзината ќерка Лајл, и работите во тој дел се малку сложени“, изјави човекот близок до актерката.