Пред собранието летаат јајца, домати и петарди, дождот не ги уплаши демонстрантите (ВИДЕО)

Ни дождот не успеа да ги избрка илјадниците луѓе што и вечерва демонстрираат против бугарските шовинистички барања пред собранието.



Покрај јајцата и доматите кои од масата народ се фрлаат кон собранието има и камења и петарди.

Дел од камењата завршуваат во зградата на собранието каде се искршени два прозори.

Атмосферата е напната но засега нема реакција од кордонот полиција поставен пред собранието.

Чадот што може да се забележи е од петардите
што дел од демонстрантите ги фрлаат кон кордонот полиција.

VID_20220705_210956_510.mp4

Поврзано

Толку од ,,чистиот македонски јазик” и бетон идентитетот на Ковачевски и Пендаровски

Скандалозно но очекувано: Македонскиот јазик доби ѕвездичка во Советот на Европа