Хрватскиот славист и македонист Горан Калоѓера, поранешен почесен конзул на Македонија во Риека, со порака за „прогресивните сили“, како што ги нарекува борците за одбрана на македонскиот идентитет.
„Јас сум Далматинец и ние имаме добри поговорки, но овие луѓе овде во Приморје имаат една многу добра порака што би можела да се примени за сите оние прогресивни сили во Македонија, кои се борат за зачувување на националниот идентитет, јазик и историја, а таа гласи: ‘Krepat ma ne molat!’. Во превод – цркни, но не попуштај! Е сега изборот е ваш!“, порача Калоѓера на Фејсбук.






