Дочински од Словенија: Ова не се европски вредности, ова е фашизам од прв ред!

Македонскиот активист од Словенија, Андреј Дочински, со објава на Фејсбук ги поддржа протестите во татковината против францускиот предлог, обвинувајќи ги и бугарските, и другите политичари од Европската унија за фашизам од прв ред кон македонскиот народ.



„Пред да дознаете од другите, да ви кажам што навистина се случува во Македонија? Демонстрантите на улиците не се насилници, не се русофили, не се ултранационалисти…

Тие се обични луѓе кои се нарекуваат Македонци.

Тие се луѓе на кои им е доста од ветувања за евроинтеграција на државата од корумпираната влада, од лажливиот претседател, од лицемерните ЕУ-комесари и од други политичари.

Тие се луѓе на кои им е доста од понижување.

Тие се луѓе кои рекоа НЕ за бугаризација на државата под диктатот на француската ЕУ.

ТИЕ СЕ ЛУЃЕ КОИ ЈАСНО И ГЛАСНО БАРААТ ПОЧИТУВАЊЕ НА ОСНОВНИТЕ ЧОВЕКОВИ ПРАВА: ПРАВОТО НА СЛОБОДЕН ИЗБОР, ПРАВОТО НА САМООПРЕДЕЛУВАЊЕ, ПРАВОТО НА СВОЈ ЈАЗИК И НАЦИЈА.

Како што рече Борис Пахор: ‘Ова не е никаков национализам, да имаш свој јазик, свој идентитет, своја култура…’.

Најновиот предлог на ЕУ Македонците да ги прифатат барањата на Бугарија за самоукинување на своите нација, идентитет и јазик во замена за почеток на преговори за влез во ЕУ е пад в бездна!

ОВА НЕ СЕ ЕВРОПСКИ ВРЕДНОСТИ. ОВА Е ФАШИЗАМ ОД ПРВ РЕД!!!

Да сум во Македонија, и самиот ќе присуствував на протестите. Бидејќи не сум, поддршката и освестувањето се сè што можам да направам. Се надевам дека разбирате за што станува збор?!

Македонија може, што се однесува до мултиетничноста и соживотот на различни народи и култури, да ѝ биде пример на ЕУ. Овде можете да видите како на едно место, во мир и со почитување на разликите, имаат соживот повеќе националности и верски заедници: Македонци, Албанци, Турци, Срби, Бошњаци, православци, католици, муслимани. Сите заедно!

Затоа, НЕ за фашизмот на бугарските политичари.

НЕ за лицемерието на ЕУ бирократите!

НЕ за газење на правата на македонскиот народ!

Македонија вечна! Никогаш Северна!

#Македонија“, порача кандидатот за европратеник на Словенечката национална странка (СНС) на Змаго Јелинчич на последните избори за Европскиот парламент, претседател на Синдикатот за здравство на Словенија и еден од организаторите на протестите на Македонците во Љубљана и во Крањ против Тиранската платформа и најавениот Преспански договор пред четири години.