Во недостаток на поддршка во јавноста и експертската јавност премиерот Ковачевски и министерот за надворешни работи Османи користат еден ист експерт за да ја уверат Македонија дека францускиот предлог со шовинистичките бугарски барања е добар.
Улогата на народно кажано ,,мечка на панаѓур” или да бидат виден каде што треба и да каже тоа што треба да го чуе владата деновиве ја има професорот и екс амбасадор Нано Ружин.
Освен на дебатни емисии каде што ја брани владата Ружин за два дена го видовме на две места ,,за консултација”.

Тој прво беше на средба во владата како дел од брифингот на Илинденска со невладиниот сектор за по еден ден да биде дел и од стратешкиот совет на Османи кој завршил катастрофално (Следува информација наскоро).
Според извори присутни на средбата Ружин бил единствениот што му давал апсолутна поддршка на Османи.
Нано Ружин се ,,прослави” кога ја лансираше кандидатурата на Зоран Заев за добитник на Нобелова награда за мир која заврши неславно.
Неговиот син Алекс беше советник на Заев за Франција иако за тоа нема никакво искуство но експертиза.

Слична е улогата и на ,,експертот” Исмет Рамадани кој 30 години е во и околу политиката и ќе остане запаметен по заканите дека ако не мине референдумот ќе има етнички конфликти.
Тој не е дел од стратешкиот совет на МНР но е еден од тие што во секоја прилика ја брани владата.
Легендарна е и неговата изјава како советник на Заев според која францускиот претседател Макрон го излажал екс премиерот за добивање датум за преговори.






