Премиерот Ковачевски денеска на прес конференција изјави дека Францускиот предлог не ги прекршува точките од Резолуцијата за црвените линии со Бугарија усвоена од Собранието.
Со тоа тој директно го прекрши принципот на поделба на власта според кој извршната власт односно владата што ја води не смее во никој случај да зборува во име на законодавната односно Собранието.
За оценката дали владата со прифаќање на францускиот ја прекршила собраниската резолуција може да се изјасни само законодавниот дом а не и владата или премиерот.
Резолуцијата е обврзителна за владата која мора да ја спроведе. Доколку не ја спроведе со оглед на тоа што таа е на ниво на закон некој може и кривично да одговара.
Дали резолуцијата се спроведува од владата и дали францускиот предлог е во согласност со неа треба да одлучи Собранието преку надзорна расправа, уставниот суд или јавното обвинителство кое се занимава со прогон на тие што кршат закони.
Според принципот на поделба на власта кој што го има Македонија владата е таа која е оценувана од парламентот а не обратно, освен ако Ковачевски во меѓувреме тајно не се прогласил за уставен монарх кој може да решава во негово име или да го распушти собранието.
Предходно искусни пратеници прецизираа кои се седумте точки од резолуцијата кои владата ќе ги прекрши ако го прифати францускиот предлог.
Делот од видеото каде Ковачевски де факто ги одзема ингеренциите на Собранието по 9 минута од видеото.
https://www.facebook.com/AlfaTelevizijaMk/videos/442964427390003/
Каде власта ја урива резолуцијата усвоена во Собранието односите партии вклучително и од СДСМ на Ковачевски.
Кои делови од собраниската резолуција за Бугарија ќе ги прекрши власта ако рече ДА на Софија






