„Никој нема право да се откаже од македонскиот јазик во име на европската иднина, тоа е аманет од нашите предци и завет за идните генерации. Таков погубен чекор е самоуништување на македонската нација, македонската автентична историја и посебноста на македонскиот јазик. Прифаќањето на францускиот предлог е велепредавство на македонскиот народ и Македонија.“ – вели Перчо Божиновски, магистер за македонски јазик и професор во средно училиште во Охрид, во својата колумна со наслов „Не – во македонско име, ултиматум – не, благодарам!“, која ја објави весникот „Нова Македонија“. Авторот на колумната е член на ВМРО ДПМНЕ.
Покрај другото, Божиновски пишува: „Во предлогот се посочува на катастрофалниот Договор за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија т.е. годишните прегледи и мерките за негово ефективно спроведување според неговиот член 12. А токму во тој член стои т.н. Заедничка меѓувладина комисија за решавање на надворешната политика и прашања од државен и нациoнален интерес во името на Македонија, со цел докажување и менување историски и образовни прашања. Дрскост е да се земе такво право за наводно докажување, т.е. менување на историските настани во историските читанки и литература. Погубна и понижувачка цел и намера во однос на македонскиот јазик т.е. кодификацијата на македонскиот јазик е вештачка творба, исто како што и македонскиот народ.“
„Владата треба веднаш да го објави Протоколот, кој сè уште не е достапен за јавноста, а останува дел од преговарачката рамка!“
„Мојот став е јасен: НЕ!
НЕ – на обидот за асимилација и бугаризација на Македонците!
НЕ – за македонскиот јазик како дијалект на бугарскиот јазик!
Историските прашања и Договорот со Бугарија никако не смеат да бидат дел од преговарачката рамка.“
„Наша обврска е да се заштитат македонските национални интереси!
За геноцид врз цела нација – гласно НЕ!
За етноцид – силно НЕ!
Ултиматум – НЕ!
Оваа Влада мора да падне, само избори се решение!
Секој од нас да се придружи во заедничката борба, борба за опстојување на македонскиот народ и Македонија!“





