„Францускиот предлог е спротивен на меѓународното право и треба да се одбие, бидејќи, целосно допира во македонскиот идентитет, јазик и култура.’ – велат повеќемина од консултираните универзитетски професори, експерти по меѓународно право, историчари и аналитичари во врска со францускиот предлог, кој ја бранува македонската јавност.“ – вели весникот „Нова Македонија“, покрај другото, во својата редакциска анализа со наслов „Француски отровен бакнеж за Македонија“.
„За универзитетскиот професор по меѓународно право од Институтот за политички студии во Белград Игор Јанев, францускиот предлог е спротивен на меѓународното право, па од тие причини Македонија треба да прекине го отфрли и да прекине со секаква дискусија по него. ‘Мораме да го отфрлиме францускиот предлог бидејќи со него се прави бугаризација на Македонците и на Македонија. Таков предлог за ЕУ-рамката е етноциден, културоциден, геноциден и етнофашистички акт за асимилација на Македонците.’ – оценува професорот Јанев.“
„Професорот и филозоф Љубомир Цуцуловски во францускиот предлог не препознава ниту суштинско зачувување на македонските интереси, а уште помалку некаков компромис, во кој и Бугарија нешто дала. ‘Македонија нема што да преговара, или да прави скандалозни и самоубиствени отстапки сфатени како компромис. Во ваква ситуација, во која Бугарија, или која било друга земја секој миг можат да го запрат започнатиот процес, разговорите треба веднаш да бидат прекинати.’ – појаснува Цуцуловски.“
„Историчарот Тодор Чепреганов е категоричен дека овој француски предлог треба да се одбие, бидејќи целосно допира во македонскиот идентитет, јазик и култура. ‘Овој француски предлог го ништи сето она што досега го постигнала Македонија на полето на идентитетот, јазикот и културата. Со тоа што во текот на тие пристапни преговори ќе се разговара 10, 15, 20 години, може никогаш да не дозволат Македонија да влезе како суверена држава во ЕУ. Со сите овие работи, што ги предвидуваат да ги направат со договорот, Македонија ќе се бугаризира! Единственото решение е прекинување на договорот и кога ќе бидат подобри условите, тогаш да продолжиме да работиме.’ – заклучува Чепреганов.“
Home Македонија Цуцуловски: „Зошто да прави РМ скандалозни и самоубиствени отстапки кон Бугарија?! –...





