НАТО се зголемува за уште две членки

Амбасадорите на НАТО го потпишаа протоколот за пристапување на Финска и Шведска, во присуство на шефовите на дипломатиите на двете земји Пека Хависта и Ане Линда.



„Ова е историски момент за Финска, Шведска и НАТО.

Со 32 земји ќе бидеме посилни, а нашите граѓани побезбедни пред најголемата безбедносна криза во последните неколку децении“, изјави генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг.

Генералниот секретар рече дека вратите на Алијансата остануваат отворени за европските демократии кои се подготвени да придонесат за заедничката безбедност.