Професорката Мирјана Најчевска е изненадена од леснотијата со која политичарите од албанската етничка заедница решаваат за прашања поврзани со македонскиот идентитет…



„Со оглед на тоа дека политичарите од албанската етничка заедница во Македонија со неверојатна леснотија решаваат за прашањата поврзани со идентитетот на припадниците на македонската етничка заедница, мислам дека е редно спроведувањето на Охридскиот рамковен договор и раководењето со сите институции кои се занимаваат со прашања поврзани со јазикот, употребата на симболите, образованието и културата на етничките Албанци во Македонија да се дадат на етнички Македонци“ – напиша Најчевска на Фејсбук.