Солза Грчева им се обрати на полицајците во кордонот спроти гневниот народ: „Тргнете се! Кого браните вие?!“

„Тргнете се! Кого вие браните?!“ – со овие зборови лидерката на вонпарламентарната партија „Глас за Македонија“ и универзитетска професорка Солза Грчева им се упати на припадниците на полициските единици, поставени наспроти револтираниот македонски народ, кој ги отфрла „францускиот предлог“ и бугарските ултиматуми. Грчева кратко пред ова имаше настап на ТВ Алфа.

Ова го објави самата Грчева на својот фејсбук-профил проследено со куса видео-снимка.