Немаме друга држава. Една ни е Македонија и ќе ја спасиме или ќе изгориме во спасувањето. Затоа што децата нема да ни простат ако сега молчиме.
Ова е една од пораките што вечерва на протестот против прифаќање на францускиот предлог ги упати новинарката на ТВ Алфа Искра Коровешовска.
,,Нема ништо европско во принудувањето еден народ да смени име, јазик, идентитет, историја, Устав. Македонците, и сите други граѓани на Македонија се Европски граѓани. Европа сме и заради антифашизмот, заради мултикултурната демократија, заради Кирил И Методиј, заради Мајка Тереза, заради Симон Трпчевски и Есма. Заради сето ова кажуваме не на ултиматумот”, порача Коровешовска која својот говор го одржа откако се смирија страстите кога група демонстрантите се приближија до влезот на владата.
Видеото од обраќањето на Коровешовска и вечерашниот протест
https://www.facebook.com/AlfaTelevizijaMk/videos/564177615443551/






