Се вжештува атмосферата на протестите против Бугаризација на Македонија откако денеска дел од демонстрантите биле испровоцирани од енормно присуство на специјални сили на полицијата.
Иако два дена се протестираше мирно и достоинствено денеска огромен број тешко вооружени полициски специјалци се наоѓаат околу владата што беше повод кон зградата на владата да почнат да летаат јајца, пластични шишиња и хартиени ролни.
Дел од демонстрантите почнаа да се приближуваат кон полициските сили кои што ја чуваат владата.
Полицајците сега се наоѓаат пред зградата на владата а демонстрантите се на десетина метри од нив.






