По укинувањето на ДДВ за лебот и брашното, тешко дека ќе поевтинат цените за крајниот потрошувач, велат експертите на Конфедерацја на независните синдикати во Бугарија (КНСБ).
Според нив, одржливото решение за справување со инфлацијата не оди преку намалување на цените, туку преку зголемување на приходите. Затоа, платите мора да се зголемат со точната стапка на инфлација. По укинувањето на ДДВ за лебот и брашното, тешко дека ќе падне цената и за крајниот потрошувач, велат од Синдикатот.
„Цените на основните стоки и услуги што ги купуваме секојдневно, во оваа ограничена потрошувачка кошничка од 32-те стоки и услуги, пораснаа за 45%.
Дури и да има одредено намалување на некои клучни стоки и услуги, цените растат и ќе продолжат да растат поради објективни околности, особено цените на енергенсите“, изјави Пламен Димитров, претседател на КНСБ. /БГНЕС






