„Албанската владина партија Алтернатива се огласи со поддршка за ‘францускиот предлог“. – јави информативниот портал на албански јазик „Алмакос“.
Во своето соопштение Алтернатива наведува: „Го поздравуваме и го поддржуваме вториот француски предлог, кој претставува поволна рамка, што отвора можност за почеток на преговори за пристапување во Европската унија и за с.Македонија. Повикуваме на социјална и државна кохезија околу овој предлог. Ова е најдобриот предлог, што кога било дошол, со кој с.Македонија ја добива европската перспектива без доведување во опасност на етничкиот идентитет на Македонците и македонскиот јазик.“
„Поради оваа причина, ги повикуваме сите политички партии во нашата земја сериозно да го сфатат овој предлог и да не дозволат да и се наштети на оваа историска шанса, која е стремеж на многу генерации, заради малкуте изборни придобивки. Освен од политичкиот спектар, овој предлог треба да најде поддршка и од другите општествени структури, бидејќи ваквото решение носи светла иднина за целото општество.“ – тврди партијата Алтернатива.





